Во струшката Полициска станица, вчера, во 14 часот, 43-годишно лице од Куманово пријавило дека околу 12,30 часот додека бил во хотел во Струга, каде бил вработен како домар, забележал две непознати лица како земале старо железо кое се наоѓало покрај хотелот.

При тоа, едно од лицата го нападнало со метален предмет.

Се работи на расчистување на случајот.

OhridNews