Две непознати лица пред два дена упаднале во просториите на невладината организација „УФУК“ во Скопје, му се заканувале, а потоа и физички го нападнале претседателот на здружението Енес Ибрахим.

Насилниците преку закани и насилство побарале здружението „Уфук“ да престане со своите активности (панели и конференции) и да престане да го издава списанието ,,Уфук Дергиси“. Притоа, според Ибрахим, напаѓачите отворено му кажале дека ова насилство го вршат во име на една фондација од Турција и имамот на Мурат пашината џамија во Скопје Сулејман Баки, која има активности и во Македонија, соопшти здружението.

Претседателот на здружението „Уфук“ нападот го пријавил во полициска станица, со што е започната постапка пред надлежните органи. Од оваа организација велат нема да подлегнат на ваквите закани и притисоци и ќе продолжат со нивните активности, како и со издавање на списанието.

OhridNews