Инцидентот се слиучил утрово околу 5.35 часот на крстосница на ул. „Партизанска“ кога полицаец запрел возило „фијат“. Откако му било на кажано на возачот кој бил под дејство на алкохол дека сторил прекршок истиот почнал да пружа активен отпор, при што го нападнал службеното лице удирајќи го со тупаница во пределот на вратот и со клоца во пределот на десната потколеница. Напаѓачот бил совладан и приведен во СВР-Охрид.
Нападнатиот полицаец се здобил со повреди, ток и гребнатинки и на истиот му е укажана лекарска помош во општата болница во Охридм соопшти МВР.