Инцидентот се случил во време кога се вршел претрес на магацини во присуство на полицијата. Во моментот на нападот екипата на ТВ Алфа била надвор од објектот и сé уште не почнала да снима кога на јавниот простор била нападната од сопственикот кој од снимателот на ТВ Алфа ја грабнал камерата и ја искршил.
Полицијата го привела и против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено дело „самовластие“. На местото на инцидентот била и новинарска екипа на Канал 5, на која и било забрането снимање и на која сопственикот на објектот исто така и се заканувал.
Екипите биле на терен заедно со тим на ЕВН со цел да и се покаже на јавноста дека сериозни проблеми во снабдувањето со струја предизвикуваат диво приклучените корисници.