Терористичкиот напад на клупскиот автобус од Борусија Дортмунд кој беше извршен на 10 километри од стадионот „Вестфален“ бил планиран. Три експлознивни направи го погодиле автобусот, додека една бомба не била активирана и ја испитуваат специјални вештаци во Германија.


До поголема трагедија спречил блиндираниот автобус. Покрај заштитата стаклата на автобусот попуштиле и скршените делови го повредија Марк Бартра кој веднаш подлегна на оперативен зафат.

Во близина на местото каде што беше нападнат автобусот германската полиција пронашла писмо со заканувачки карактер, но се уште нема информација што точно пишува.


УЕФА после нападот на автобусот експресно го одложи и презакажа натпреварот за денеска, а германските навивачи во своите домови ги евакуираа фановите на Монако кои на стадионот пеаја во чест на Борусија Дортмунд.

OhridNews