Напаѓачот на Барнли, Дени Ингс ќе биде замена за Радамел Фалкао и Робин ван Перси кои најверојатно по завршување на сезоната ќе заминат од Манчестер Јунајтед.


Фалкао не се снајде најдобро на Олд Трафорд постигнувајќи само четири погодоци, а Ван Перси ја загуби голгетерската форма, која го красеше долго време.

Ингс ги импресионираше англичаните со одличната игра во нападот, а по завршувањето на сезонава тој ќе биде слободен играч и трансферот во Манчестер не би бил никаков проблем.

Во поразот на Барнли на Олд Трафрод од Манчестер Јунајтед 3-1 тој беше стрелец на почесниот погодок за неговата екипа.

Ohridnews