Марио Балотели, Рики Ламберт и Фабио Борини по завршување на сезоната најверојатно ќе го напуштат тимот на Ливерпул.
Ниту еден од тројцата напаѓачи не успеа да го замени Луис Суарез, кој минатата сезона постигна 31 погодок во дресот на Ливерпул во Премиер лигата.
Од тројцата најмногу разочара Балотели, а на исто рамниште е и Ламберт, кој имаше брилијатна сезона во дресот на Саутемптон пред да ги засили „црвените“.
До сега Борини имаше неколку шанси, но не ги искористи и беше позајмуван на екипи од Премиер лигата.
По завршување на сезоната менаџерот Брендан Роџерс покрај замена за Стивен Џерард ќе мора да бара соодветен партнер во нападот за Даниел Стариџ.
Мх.П.