22-годишниот напаѓач кој го удри со тупаница првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ беше приведен па пуштен од полиција.
Мамиќ нападнат беше од позади, односно удрен со тупаница на пристаништето Бол на островот Брач. Од силината на ударот Мамиќ падна во морето, но за среќа без посериозни повреди.
Иако 22-годишниот напаѓач побегна од лице местото подоцна беше приведен и по собирање на сите информации пуштен на слобода со забренето движење од Мамиќ.
OhridNews