Традиционално неколку години по ред во чест на 21 март Светскиот ден на поезијата охридската Библиотека го организира настанот „Напиши стих – напиј се кафе“.
Директорот на установата, Милчо Јованоски вели целта на настанот е пред се дружењето низ кое до израз доаѓа и креативноста изрзена низ убавата мисла.
Обично дружење со авторите и со сите граѓани кои ја сакаат поезијата. Секој кој сака да напише сопствен стих или да цитира стихови од познати автори, светски писатели или поети е добредојден утре. Тие ќе напишат стих, а ние за возврат ќе им подариме кафе, вели Јованоски.
Напишаните стихови додава Јованоски ќе бидат закачени на паноата во Библиотеката, а од нив ќе бидат одбрани најдобрите.
Комисијата од сите напишани стихови ќе ги одбере најдобрите и на 23 април кога се одбележува Светскиот ден на книгата ќе бидат врачени наградите на авторите, додава Јованоски.
Настанот „Напиши стих – напиј се кафе“ ќе се одржи утре во периодот од 11 до 14 часот во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Н.С.Ј.