Секторот за Туризам и локален економски развој при општина Охрид, врз основа на извршените анализи, утврди дека вкупната наплата на туристичка такса за 2015 година од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели е зголемена за 12%, во однос на 2014 година. Споредено со 2011 година, наплатата на туристичката такса за привремен престој е зголемена дури за 47%.
-Овие податоци покажуваат дека имаме континуиран раст на наплата на истата. Анализите покажуваат дека мерката за субвенционирање на 50 отсто од уплатената туристичка такса на физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем дава конкретни резултати, велат од општина Охрид.
Оттаму објаснуваат дека Секторот за Туризам и локален економски развој и во иднина ќе ги следи можностите за воведување и практикување на различни видови на стимулативни мерки не само за физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, а ги исполниле условите наведени во Правилникот за субвенционирање, туку и за целокупната угостителско – туристичка област како една од најзначајните развојно – економски гранки.
OhridNews