Наплатата на туристичка такса за 2014 година во Охрид од страна физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем е зголемена за 13%, во однос на 2013 година. Ова го покажале последните анализи на Секторот за туризам и локален економски развој.

Оттаму нагласуваат дека тоа е добар показател кој укажува дека мерката за субвенционирање на 50% од уплатената туристичка такса дава конкретни резултати.

-Мерките што ги презеде општина Охрид  за развој на туризмот во изминатиот период почнуваат да даваат резултати и се очекува тој тренд да продолжи. Општината Охрид преку секторот за ТЛЕР и во иднина ќе ги следи можностите за воведување и практикување на различни видови на стимулативни мерки не само за физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, а ги исполниле условите наведени во Правилникот за субвенционирање, туку и за целокупната угостителско-туристичка област како една од најзначајните развојно – економски гранки, појаснуваат одговорните за развој на туризмот, при општина Охрид.

Инаку мерката за субвенционирање на уплатената туристичка такса, за прв пат беше воведена минатата година.

OhridNews