Наполи ја совлада Барселона со 1-0 во пријателскиот меч одигран на Сан Паоло. До победата наполитанците стигнаа со голот на Блерим Џемаили во 79 минута кој оди на душа на новото засилување на голманската позиција чилеанецот Браво.
Македонскиот интернационалец Пандев поради повреда не беше во коомбинација за мечот. Како што пренесуваат италијанските медиуми тој е се поблиску до напуштање на тимот под водство на Рафа Бенитез.