Со ангажманот на полскиот репрезентативец Аркадиуц Милик екипата на Наполи го пополни местото во нападот по заминувањето на Гонзало Игуаин во Јувентус.
Милик кој стандардно настапуваше за Полска на Европското првенство потпиша петгодишен договор со италијанскиот калчолигаш.
„Азурите“ за неговите услуги на холандскиот клуб, Ајакс му плати 25 милиони евра, а фудбалерот на грбот ќе го носи бројот 99.
„Азурите“ сигурно ќе доведат уште некој фудбалер, бидејќи инкасираа 90 милиони евра од трансферот на Игуаин во лутиот ривал Јувентус.
OhridNews