Во последниот натпревар од 33-та рунда во Серија А екипата на Емполи пред своите гледачи освои нови три бодови победувајќи го Наполи со 4-2.


Бодовите сосема заслужено останаа во Емполи откако домашниот состав го декласираше Наполи во првиот дел (3-0).

Во вториот дел „азурите“ се созедоа, но не успеаја да направат ништо повеќе друго само да го ублажат поразот.


Фудбалерите на Наполи го претрпеа деветтиот пораз сезонава и полека го губат здивот во трката за Лигата на Шампиони со Рома и Лацио.

Мх.П.