Фудбалерите на Наполи запишаа нови три бодови на табелата, победувајќи го Интер (3-0) во првиот меч од 15-та рунда во Серија А.


„Азурите“, дилемите околу победникот на „Сан Паоло“ ги решија за четири минути. Во втората минута од мечот Питр Зјелински го отвори резултатот, а четири минути подоцна Марек Хамшик зголеми на 2-0.


Добрата игра и во вториот дел, „наполитанците“ ја крунисаа со уште еден гол кој беше дело на Инсиње за конечни 3-0.

Со овој триумф Наполи се искачи на петтата позиција, додека Интер остана на средината од табелата со седум бодови помалку од „азурите“.

OhridNews