„Калчолигашот“ Наполи каде настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев обезбедија пласман во 1/8 финалето во Лигата на Европа.

„Азурите“ пред своите гледачи со 3-1 го совладаа премиерлигашот Свонси и со тој резултат се пласираа меѓу најдобрите 16 во најмасовното клупско натпреварување во Европа.


Во 1/8 финалето Наполи ќе се сретне со португалскиот првак Порто, а има уште неколку двојки кои ќе привлечат големо внимание.

Двојки : АЗ Алкмар – Анжи, Лудогорец – Валенсија, Лион – Викторија Плзен, Севилја – Бетис, Тотенхем – Бенфика, Базел – Салзбург, Јувентус – Фиорентина.

Мх.П.