Фудбалерите на Наполи се одлепија на врвот од Калчолигата откако на домашен терен го совладаа Сасуоло со 3-1 во 20-та рунда од шампионатот.


Водечките погодок на гостите во третата минута не ги растревожи домаќините кои во 20-та изедначија.


 
За целосен пресврт и сигурна победа четврта во серија се погрижи напаѓачот Гонзало Игуаин со два погодоци во 42-та и 90-та минута.


Наполи на Интер кој ремизираше 1-1 со Аталанта му побегна четири бодови, а еден повеќе на Јувентус кој пак има натпревар помалку.

Резултати : Аталанта – Интер 1-1, Торино – Фросиноне 4-2, Наполи – Сасуоло 3-1.

Табела : Наполи 44, Интер 40, Јувентус 39 (-1), Фиорентина 38 (-1), Рома 34 (-1)…

OhridNews