Фудбалерите на Болоња нема по добро да го паметат гостувањето на Сан Паоло претрпувајќи убедлив пораз од Наполи (6-0) во првиот меч од 34-та рунда во Серија А.
Високата победа на „азурите“ ја најави Габиадини кој до 35-та минута два пати ја погоди мрежата на гостите. Со три погодоци гол серијата ја продолжи Мертенс, а печат на победата стави Давид Лопез во 90-та минута од натпреварот.
Со трите бодови „наполитанците“ се зацврстија на втората позиција на табелата пред Рома со осум бодови и заостаток од шест бодови од лидерот Јувентус.
OhridNews