Екипата на Наполи е првиот патник во 1/2 финалето во Купот на Италија, откако на домашен терен со 1-0 го совлада тимот на Фиорентина.


Одлуката на мечот на „Сан Паоло“ падна во вториот дел односно во 71-та минута кога Шпанецот, Хозе Калехон го постигна единствениот погодок.


Во преостанатите четвртфинални мечеви ќе се сретнат Јувентус – Милан, Рома – Чезена и Интер – Лацио.

OhridNews