Трофејот од Супер купот на Италија замина во рацете на фудбалерите од Наполи кои по пенал рулетот го совладаа Јувентус.


Регуларниот дел од мечот, кој се одигра во Катар заврши 1-1, а екипите постигнаа по уште еден погодок во дополнителните 30 минути.


Во пенал рулетот Наполи и Јувентус ги промашија првите пенали, а потоа до петтиот погодуваа.

Во седмата и осмата серија Буфон успеа на два пати да одбрани пенал, но неговите соиграчи промашуваа, исто како и во деветтата серија во која „азурите“ погодоија и го освоија трофејот.


Мх.П.