Поразот од Јувентус (1-0) во дербито нема да го поколеба тимот на Наполи во борбата за титулата во Серија А. Првиот човек на „азурите“, Аурелио Де Лаурентис заедно со тренерот Маурицио Сари ја скроија трансфер листата кои дополнително ќе ја засилат екипата.

„Наполитанците“ ќе се засилат на бековските и офанзивните позиции кои се слаби страни последниве натпревари, особено на дуелите со Јувентус во Серија А и Манчестер Сити во Лигата на Шампиони.

„Азурите“ во своите редови ќе го вратат Роберто Инглезе кој игра како позајме фудбалер во Киево. Од Серија А, Наполи ќе купува и во Болоња, а на радарот е репрезентативецот Симоне Верди.

На бековските позиции тимот од Сан Паоло планира да ги доведе Шиме Врсаљко и Алекс Грималди од Бенфика.

За трансферите на Верди, Врсаљко и Грималди Наполи ќе треба да издвои оклу 50 милиони евра, а Инглезе без оштета би се вратил во старото јато.

OhridNews