Лидерот во италијанското Калчо, Јувентус го доби со 3-1 првиот полуфинален натпревар против Наполи во Купот на Италија.
„Бјанко-нерите“ победата и предноста после првиот дуел од двомечот со „азурите“ ја обезбедија со пресврт во вториот дел од натпреварот. Дибала од два пати од пенал и Игуаин беа прецизни за Јувентус, додека водечкиот гол за Наполи го постигна Каљехон.
Реванш натпреварот на Сан Паоло се игра на 5 април. Подобриот од овој двомеч ќе игра со победникот од римската пресметка меѓу Рома и Лацио.
OhridNews