Во последните мигови од натпреварот Дуван Запата постигна погодок и донесе реми 1-1 за Наполи на гостувањето кај Сампдорија.
Домаќините имаа предност од 56-та минута и беа пред победа откако „азурите“ останаа и со фудбалер помалку, но одбраната на Сампдорија попушти и прими гол во последниот напад од натпреварот.
Со овој бод Сампдорија стигна до 22-от додека Наполи 23-то што ги зацврсти во горниот дел од табелата.
Мх.П.