Поради интервенција на водоводната мрежа, односно вршење редовни поправки на главните шибери пред летната сезона , отклонување на дефекти како и измивање на водоводната линија,утре, понеделник, од 24 часот до 16 часот во вторник, прекин во водоснабдувањето ќе има во делови од Охрид.

Без вода во овој период ќе бидат корисниците од улиците: Крали Марко, Железничка, Будва, Прилепска , Винковачка  ,8-Ми Март, Стив Наумов, Бистрица, дел од Гоце Делчев, Јабланица, Аџи Мустафа, Ариф Мустафа, Трајче Трајчески, Сатеска, Мича Гилиќ, Васил Стефоски, потегот према Авто камп Андон Дуков и населба Орман, соопшти МЈП „Проаква“.

OhridNews