Американски научници развиле крвен тест кој може прецизно да ја предвиди појавата на Алцхајмерова болест.
Податоците од истражувачите од универзитетот Џорџтаун во Вашингтон покажуваат дека со следење на присутноста на 10 липиди во крвта можно е со 90% точност да се предвиди ризикот за појава на Алцхајмерова болест во следните три години.

Овие наоди се собирани во текот на 5 години од 525 испитаници постари од 70 години, а сега следуваат поопширни клинички истражувања.
Се проценува дека со Алцхајмеровата болест и други облици на деменција сега живеат 44 милиони луѓе.Се претпоставува дека до 2050 година оваа бројка ќе се зголеми за три пати. Алцхајмеровата болест го напаѓа мозокот и повеќе од 10 години пред појавата на првите симптоми, што значително ја отежнува работата на развојот на потребните лекови.

 

извор:metro-portal.hr