Арегентинецот Тито Ингениери во местото Квилмеш во Аргентина изградил замок од околу шест милиони пивски шишиња. Стаклените шишиња ги собирал 21 година и ги бетонирал едно до друго.


Речиси сите предмети во замокот со површина од 492 метри квадратни биле изработени од рециклиран материјал. Замокот се состои од три главни згради, работно студио и поткровје на три ката. Оваа идеја ја добил откако во 1990 година наследил парче земја и немал пари да купи цигли.