Тешката состојба на кумановскиот прволигаш Милано кој некако срамежливо најавува откажување од Првата лига по завршувањето на евро настапите, ја отвара можноста кически Напредок да се најде во елитното друштво.
– Ако евентуално Милано го откаже учеството во Првата лига, ние со двете раце ќе ја прифатиме поканата, дали преку дополнителен натпревар или директно да се вратиме во елитата. Ние сме играчки и организациски подготвени – вели тренерот Драган Бочески.
Напредок по три сезони минатата година ја напушти првата лига и годинава преку натпреварите од Втората лига ќе се обиде да се врати во елитата.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...