Напредок ремизираше 1-1 со српскиот суперлигаш Јавор на пријателската тест средба одиграна на “Билјанини Извори“.

Гостите дојдоа во предност преку Стевановиќ во 20 минута, додека резултатот го изедначи Левков на стартот на вториот дел.


Натпреварот предвреме заврши за Хаџибулиќ кому му беше покажан црвен картон.


Напредок во третиот тест во предсезоната го забележа првото реми, додека Јавор во четирите тест средби го впиша третиот нерешен резултат.


Јавор до крај на подготовките ќе одигра уште една тест средба и тоа со Силекс.

М.П.