Во општина Дебрца продолжува реализацијата на проектот за изградба на фекална канализација за прифаќање на отпадните води во Горенци. Досега поставени се 2.2 км полиетиленски цевки и бетонирани 116 шахти, а целокупната должина на канализациона мрежа согласно проектната документација изнесува 7.6 километри и ќе се изградат 236 шахти.
Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, изврши увид во Горенци и изјави дека градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика од договорот.
Изградбата на фекалната канализација е проект на Општина Дебрца во соработка со Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како мерка 321.3 за Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини. Вкупната вредност на инвестицијата е 15.673.916,0 денари.
Инаку, во Горенци нема канализациона мрежа и отпадните води се собираат индивидуално во септички јами, со што доаѓа до загадување на подземните води и уништување на животната средина.
OhridNews