Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид во соработка со Општина Охрид, во понеделник, вторник и среда, ќе спроведат системска дератизација во стариот дел на градот , населба Билјанини извори, Гоце Делчев, Воска и Далјан.

Дератизација ќе се изврши и на булеварот Туристичка , улиците Питу Гули, Железничка, Јане Сандански,7- ми Ноември, Марко Нестороски , Кеј Македонија , Македонски Просветители , Момчило Јорданоски и Прва Македонска Бригада.

OhridNews