Централниот регистар на Македонија по трет пат ќе ја спроведува акцијата „Отворени денови на Централниот регистар“ во регистрационите канцеларии ширум Република Македонија.

Отворените денови во Охрид и Струга ќе се одржат во вторник на 15- ти декември 2015 година при што тимови од централата на Централниот регистар ќе бидат достапни да одговорат на сите отворени прашања.

Заинтересираните ќе можат да се информираат за измените во законската регулатива, како и за останати прашања поврзани со работењето на Централниот регистар.

 

OhridNews