Според информациите од УХМР, во текот на утрешниот ден ќе биде променливо облачно и свежо, во утрински часови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде од 10 до 18 степени, а минималната од 5 до 13 степени.

Од среда се очекува постепено зголемување на температурата на воздухот. Во среда ќе е малку до умерено облачно и потопло со слаб до умерен јужен ветар и максимална температура од 16 до 23 степени.

Во четврток не очекува променливо облачно и малку потопло време, со максимална температура од 19 до 26 степени.

Во петок ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветар од северозападен правец. Максималната температура ќе биде од 18 до 25 степени.

OhridNews