Пријателските фудбалски натпревари играни под името „Меси и пријателите“, биле параван за ’перење на пари’ на мексикански нарко картел, објави „El Mundo deportivo“.
Весникот ги објави тврдењата на заштитен сведок, кој се наоѓа во затвор во САД под заштита на Агенцијата за борба против наркотици (DEA).
Натпреварите кои се цел на истрага на американските и шпанските власти биле одиграни во 2012 и 2013 година.
Како што тврди заштитениот сведок, мексиканскиот нарко картел „Los Valencia“, купувал фиктивни влезници за овие натпревари и на тој начин ги ’переле парите’.
Според весникот, натпреварите ги организирала фондацијата „Лео Меси“, која во тоа време ја водел неговиот татко Хорхе, но не е докажано дека семејството на славниот фудбалер воопшто знаело дека нарко картелот има врска со овие натпревари.
„Макфакс“