Национална установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид / Народен театар Охрид гостуваат на 55-от на Македонски театарски фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп.

Гостувањето е утре 06.10.2021 година со почеток од 21.00 часот, со преставата „КРИК ЗА ЉУБОВ“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Театарската комична игра на карактери на сцената ќе ја донесат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Горан Стојаноски и Ивица Цонев кои всушност ќе одиграат претстава во претстава.

OhridNews