
Мемети треба да види во какви услови во притвор престојува Кежаровски во притворот во Шутка. Тој вети дека ќе направи се што е во негова надлежност условите во притворот да се подобрат како за Кежаровски, така и за другите затвореници.
Посетата се реализира на барање на претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, но и на сопругата на Кежаровски, Марина Кежаровска.
Таа изјави дека условите во притвор се многу лоши, Кежаровски живее во влага и кал, а и самиот новинар плачејќи ја молеше судијката да го ослободи од притвор, бидејќи како што рече, условите се неиздржливи.
OhridNews
извор:Макфакс











