Народниот театар од Охрид со „Малограѓанска Свадба“ пред скопската публика
10.07.13 07:00
Народниот театар од Охрид со претставата “Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, денеска ќе учествува на фестивалот „Скопско лето 2013“ кој се оддржува Универзална сала во главниот град.
Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а учевствуваат актерите: Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – нејзиниот маж и Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот. Музиката е на Горан Трајкоски, свират Даниел Чуркоски – клавир, Ѓоко Алоски – труба и хармоника и Даниел Танески – кларинет. Инспициент и организатор е Филип Ангеличин – Жура, а останатиот дел од екипата се: Владо Ѓорески – Рафик сценограф, Благој Мицевски костимограф, Зоран Левески светло мајстор, изработка на сценографија Предраг Јовановиќ-Бато и Номче Џулески, Борис Велјаноски реквизитер и Деса Лазоровска гардеробер.
Претставата за која веќе се распродадени картите, започнува од 20:30 часот.
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени До средината на следната седмица време...
На подрачјето на СВР Охрид, од јуни до септември се издадени 292 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети Само во септември се евидентирани 377 прекршоци Начинот на кој се управув...
Пред три и пол децении интернетот не беше дел од секојдневието на македонските граѓани Денес преку него комуницираме, работиме, купуваме, плаќаме, се информираме и користиме различни услуги, а моби...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.