Малкумина имаат можност да ја видат Земјата во живо од вселената… За останатите, американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА објави видео со слики од „Сината Планета“ во висока резолуција.

Станува збор за компилација снимки од нашата планета направени меѓу март 2022 и март 2023 година за време на експедициите „67“ и „68“ на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Благодарение на нив, секој може да се замисли во улога на член на МВС и да ужива во тој поглед речиси еден час. Земјата е прикажана како да се гледа низ прозорците на Станицата.

OhridNews

Фoто: НАСА, видеоисечок.