Во следните неколку години природниот прираст во Македонија, ќе изнесува 0,0 што значи дека во земјава ќе има еднаков број родени и умрени лица. Според истражувањето на Светска банка на тема „Показатели на светскиот развој”, најголема стапка на природен прираст меѓу земјите од Балканот ќе забележи Косово.

За разлика од овие земји, „белата чума“ ќе ги погоди Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. До 2020-та година се предвидува дека овие земји ќе имаат изразено негативен природен прираст.
На ниво на свет, најголем природен прираст во овој период ќе има Нигер со 3,5 отсто, па Малави со 3,3 отсто, Танзанија со 3,1 отсто, Замбија со 3,1 отсто и Уганда со 3 отсто. Во Европа најнизок негативен природен прираст ќе имаат Бугарија со 0,7, Грузија, 0,7, Молдавија и Грузија со 0,6 и Литванија со 0,5 отсто.
Наспроти нив, највисок пораст на бројот на жители ќе имаат Турција и Ирска, каде според истражувањето на Светска банка, бројот на жители ќе се зголеми за еден отсто на годишно ниво. Следат Норвешка со 0,7, Шведска со 0,5 и Франција со 0,4 отсто
Според обрасците на демографите, еден народ може да исчезне, ако бројот на стар луѓе над 60 години е два и пол пати поголем од луѓето до 19 години.
извор: „Макфакс“
OhridNews












