Екипата на Наше такси е на добар пат да ја освои двојната круна во Македонија во фудбал за жени, откако во средата се пласира во финалето на Купот на Македонија.

Во средата, во реванш-натпреварот со Билјанини извори од Охрид, Наше такси победи со 5-1.

Финалето од Купот на Македонија, според првичните најави, треба да се одигра на 21 мај во Охрид, од 16.30 часот. Вториот финалист ќе биде подобриот од дуелот Победа – Борец (2-0 по првиот меч).

Ohridnews