Почитувани,

Со гордост ја следам вашата страна на интернет и сум доста задоволен од вашите информаци што ги пласирате. Се викам Васко и потекнувам од, според мене, најубавиот град на светот – Охрид.

Ви испраќам статија како нашите деца учат, живеат и творат во далечен Мелбурн, Австралија. Инаку овие две прекрасни деца, брат и сестра, се углед во нашата заедница, а исто така потекнуваат од Охрид.

Во статијата меѓу другото пишува:

„Лара и Џејмс Шибакоски можат да ни послужат како пример како да се однесуваме во општеството, како во секоја можна прилика да им помагаме на немоќните и изнемоштените … Неодамна на редовниот Starlight day Лара Шибакоска по петти пат доброволно се вклучи во оваа акција која е наменета за децата кои се наоѓаат во болнички кревети ширум Австралија.


– Важно е овие деца да осетат дека животот носи свои убавини и дека има луѓе кои сакаат да направат разлика во нивниот живот, а не само да лежат в болница, изјави за локалниот весник Star 19-годишната Лара.

… Годинава на Лара и се придружи братот Џејмс (12) кој тргна по стапките на сестра му и доброволно работеше во трговскиот центар Airport West.

– Кога знаете дека некому сте помогнале, убавото чувство не може да се опише, вели Лара.

(писмото ни го испрати Васко Ангеловски од Мелбурн, кој е и автор на статијата за Лара и Џејмс во весникот „Заедница“, во Австралија)