Фамилијарниот бизнис на семејството Еминовски од Америка ја продолжува својата успешна приказна и во Охрид. Градот добива уште едно место каде љубителите на добра и вкусна храна ќе може да уживаат во богатата понуда на специјалитети во нов италијански пица ресторан „Roma`s“, кој со работа почна денеска.

Сопственикот на ресторанот, Атила Еминовски, кој воедно и години нананзад работи како пица мајстор и се бави со овој бизнис и во Америка, вели дека со отворањето на ресторанот му се остварил долгогодишниот сон.

Од секогаш сум имал сон да отворам пицерија во Македонија. Ќе понудиме нешто ново, поинакво, специфично. Во богатата понуда се италијански специјалитети, пица, пилешки специјалитети збогатени секој со специфичен сос направен по домашен рецепт, италијански пасти меѓу нив лазњи, шпагети, тортелини и уште многу други врсти на паста, сендвичи, салати, тостови, како и понуда на кафе, алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Навраќајки се на почетоците Еминовски се потсетува на преселувањето во Америка од Македонија и започнувањето со работа во пицерија кај роднини.

24 години сме во овој бизнис. Првите шест години работев во пицерија за потоа во 2005 да отвориме сопствен ресторан кој работи и ден денес и е успешна семејна приказна. Во 2016 година добивме и награда за „Бизнис на годината“ во Америка.

Откривајќи ги тајните за добрата пица, Еминовски ќе рече дека во Америка се прави разлика меѓу пица од Њујорк и Чикаго.

Добра пица се смета таа која има тенко тесто, а тоа лесно се проверува на начин што кога ќе се земе парчето пица тоа не треба да се свитка и таа пица ја нарекуваат „њујоршка“, додека таа од Чикаго е со поголема дебелина на тестото и парчето веднаш се витка, додава Еминовски.

Новоотворениот ресторан „Roma`s“ во Охрид ќе работи во периодот од понеделник до сабота од 10 до 12 часот, а се наоѓа на улицата „Питу Гули“ бр.49, веднаш до продавницата за авто делови „Дего“.

Нуди бесплатна достава и цени за сечиј џеб, значително поевтини од конкуренцијата. Планот е во иднина да ја прошират својата дејност и во нудење на кетеринг услуги.

OhridNews