
Натпреварувањето се одржа на трети месецов, период кој вообичаено е време кога лососот доаѓа да се мрести во овие реки а по него и калифорниската пастрамка која се храни од икрите кои ги испушта лососот.
– Ова риба не е речна риба ,таа доаѓа од Големите езера секоја есен заедно со лосост бидејќи се храни со икрата на лосост и така добива добра тежина а се мрести дури на пролет кога доаѓа поголема група на женки риби од Езерото Мичиген. Обично мрестот почнува на почеток на март, и секако е голем предизвик за нас рибарите. Овој месец пак е дозволен риболовот и е магнет за љубителите на овој спорт-хоби. Се користеше секаква техника а јас лично користев трска од пет метри на бели ларви. Првата и најголема риба ја фатив по четвртото фрланње околу 3.45 часот утрото. Борбата со неа беше околу 6 – 7 минути по што ја сместив на сигурно. По овој улов се до 3 часот попладне извадив уште 5 други риби но беа помали, од 100 грама до половина. Со вкупниот улов го освоив првото место – вели Владимир за „Нова Македонија“.
Иако американците со кои се натпреварувал биле многу добро опремени а имале и повеќе искуство сепак среќата повеќе го послужила нашиот Владимир, ако смее да се спомене среќа кога е рибарењето во прашање.
– Роден сум во Тетово а рибарам од мојата 4 година затоа што мојата мајка е од Охрид. Таму секое лето по цело време бев на езерото каде го усовршував риболовењето. Но, најголемата вештина за ловење речна пастрмка, на Вардар и Радика, ја научив од мојот, сега веќе починат татко, Драганче Јовановски и овој трофеј го посветувам токму него и го освоив во негова чест – додава Јовановски.
Тој ќе продолжи и понатаму да се натпреварува во американските рибиловни натпреварувања при тоа претставувајќи се себе си но и нашата држава како добри познавачи на риболовот и љубовта кон природата, пишува „Нова Македонија“.












