Деновиве низ улиците во Струга беа пронајдени повеќе тела на застрелани бездомни кучиња, информираат зруженијата за заштита на животни „Animal World“ – Струга и „Анималија“ – Охрид. 

Убиените кучиња биле пронајдени од активисти на здружението Animal World од Струга, кои континуирано апелираат до надлежните органи за конечно решавање на проблемот со бездомните животни на хуман и цивилизиран начин.

 

“Она што не загрижува е што досега ниту еден случај на мачење/убивање животни нема правна завршница. Знаејќи го таквиот игнорантен однос на органите на прогонот, некој поединец одлучил да им го одземе животот на овие бездомни животни, надевајќи се дека нема да биде казнет. Затоа јавно апелираме, не само од страна на полицијата, туку и од Агенцијата за храна и ветеринарство да се преземат соодветни мерки за откривање на сторителот на овие кривични дела и овој случај да биде соодветно процесуиран. Се надеваме дека и овој случај нема да биде игнориран од страна на надлежните органи, како што покажува досегашната практика, затоа што пред се се работи за сериозно кривично дело со кое директно се прекршува правниот поредок на нашата земја.” – велат од здружението „Animal World“.

OhridNews