Петнаесетгодишно момче вчера попладне било претепано од неколку лица во интернет кафе во скопската населба Дебар Маало. Нападнатото момче се здобило со повреди поради што е задржано на лекување во Градската болница. 

Полицијата уапси пет лица за кои постои сомневање дека го предизвикале немилиот настан.

Упте еден инцидент се случи синоќа во Скопје. Засега непозната група нападнала 66-годишен маж во населбата Ѓорче Петров, кој се здобил со повреди и исто така е задржан на лекување во болница.

OhridNews