Предвидено е компанијата од Обединетите Арапски Емирати да лета двапати неделно директно од Дубаи кон Скопје.
Според извршен директор на „Флајдубаи“, Гаит Ал Гаит летот кон Скопје ќе биде воспоставен на 18 октомври, а услугата ќе достапна двапати неделно, во понеделник и во четврток, по цена од 490 евра.
„Новата линија ја илустрира нашата посветеност во проширувањето на конекции од Блискиот Исток до нови дестинации со кои не постоеја доволен број директни линии. Македонија низ светот има значителна иселеничка популација која сега ќе може почесто да ги посетува своите пријатели и семејства благодарение на врските преку нашиот транспортен центар во Дубаи“, вели Ал Гаит.
Извор:Макфакс