Во завршна фаза се подготвителните работи за изградба на вториот кружен тек на булеварот „Туристичка“ на пресекот со улицата „Бистрица“.

Летово во употреба беше пуштен кружниот тек на крстосницата кај спортскиот центар, а покрај тој на прсекот со „Бистрица“  во план е и изградба на кружни текови и на најпрометните крстосници кај „Макси Д“ и „Охридска банка“, како и на пресекот на Туристичка со „Абас Емин„ и „Стив Наумов“.

Според Локалната самоуправа изградбата на кружните текови на „Туристичка“ ќе придонесе за поголема безбедност и ќе овозможи поголем проток на сообраќај.

OhridNews