Во фудбалот наскоро ќе победува подобриот во вистинска смисла на зборот, а не екипите кои (не)намерно добиваат помош од судиите. Фудбалот кој е се поблиску до исплатлив бизнис отколку до прва споредна работа во светот одново ќе го добие стариот шмек кој години го красеше.


Револуцијата во фудбалот почна неколку години претходно со воведувањето на гол технологијата, а целосно „чистење“ на спорните одлуки ќе има со воведувањето на око соколов или повторена снимка на кој ќе се прегледуваат сомнителните голови, пенали, офсајди и картони.

Две такви ситуации имаше на контролниот натпревар меѓу Франција и Шпанија, а за правилни одлуки се погрижи видео асистентот кој ги исправи грешните на судиите кои го водеа натпреварот. Паузата до донесувањето на правилна одлука во првиот случај траеше само десет секунди, а во вториот 40 секунди што не одзема премногу време за прегледување на снимката и пред се за фер и коректна игра.


Англичаните имаат иницијатива видео асистентот да го стават на тестирање, односно да го воведат во Лига купот од сезоната 2017/18, додека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино притиска новото правило да се воведе за престојното Светското првенство во Русија, а во националните шампионати тоа да биде од сезоната 2018/19. 

Во иднина во фудбалот ќе нема појќе место за Божјата рака на Марадона, непризнатиот гол на Лампард на дуелот меѓу Англија и Германија и играњето со рака на Тиери Анри во бараж мечот меѓу Франција и Република Ирска, но секогаш ќе победува подобриот.

OhridNews