Како резултат на успешната соработка на Општина Охрид и канцеларијата на ЕУ во Република Македонија, наскоро ќе започне со работа информативен ЕУ пулт за граѓаните на Охрид. Информативниот Центар на ЕУ е формиран, со цел да се зголеми протокот на информации за Европската унија во јавноста и да се обезбедат систематски, фактички, точни и сеопфатни информации.

ЕУ пултот граѓаните ќе можат непречено да го користат секој работен ден, а ќе биде сместен во просториите на општинскиот информативен центар.

OhridNews