Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денес, го најави новиот проект за електронско издавање на согласност за урбанистички планови, како нова електронска алатка која, како што рече, максимално ќе го олесни и подобри транспарентниот процес на работење и ефективноста при процесот на комплетирање на потребната документација и имплементација на Законот за градење.

Министерот Јанакиески ги повика градоначалниците на општините во Република Македонија да преземат мерки за што побрзо завршување на предметите во делот на легализација и имплементација на Законот за градење, а во интерес на граѓаните.

OhridNews