Францускиот интернационалец Самир Насри откри неколку интерени детали околу неговиот трансфер од Арсенал во Манчестер Сити.


Пред се комплетира трансферот на Етихад, Насри во Париз имал тајна средба со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

– Тогашниот стратег на Манчестер Сити, Роберто Манчини покажа поголема желба за мојот ангажман иако никогаш немав средба лице в лице со него. Имав средба со Фергусон во Париз далеку од јавноста на која го прашав колку е подготвен да се бори со Венгер за мојот потпис. Тој ми рече дека сака да влезам во кавга со мојот тогашен менаџер што за мене беше неприфатливо и го одбрав Сити – рече Насри.

Тој во дресот на „граѓаните“ успеа да освои две титули во Премиер лигата и една во Лига купот на Англија.

Мх.П.